Александрија

АЛЕКСАНДРИЈА

Вашата нова адреса!

70 +

години искуство

Александрија е нова населба во Скопје, која започна да се гради во 2015 година во инвестиција на АД Фабрика Карпош. Лоцирана е во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае, на само 5 километри оддалеченост од центарот на градот.

Населбата се протега на површина од 150.000м2 и се наоѓа на само 200 метри од реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје. По нејзиното течение преку Качаничката клисура, доаѓа главната струјница од ружата на ветрови во градот Скопје, обезбедувајќи му на ова подрачје чист и свеж воздух, дури и кога Скопје е под магла и штетни гасови.

Александрија ги инкорпорира сите неопходни елементи за задоволување на потребите од функционален и социјален карактер, како: деловни објекти, трговски центри, градинка, голем број на игралишта и останати содржини кои им овозможат современ стандард на живеење на сите жители. Со веќе постоечка патна, здравствена и социјална инфраструктура и со главен фокус на создавање градини, паркови и зелени површини, Александрија е спротивност на населбите кои со несоодветно планиран развој имаат преголема густина на население, мали и несоодветни растојанија меѓу објектите, инфраструктура со недоволен капацитет и недостиг на зелени површини.

Дополнителна предност на оваа населба е исклучително консолидираното земјено тло кое обезбедува максимална стабилност на градбите. При проектирањето, посебно  внимание е посветено на постигнување на енергетска ефикасност и минимални топлински загуби, со избор на врвни материјали за градба и посветено внимание на секој детаљ. Станбените површини се одлично димензионирани сѐ со цел максимална организација на просторот за удобно домување.

Досега во Александрија се реализирани пет објекти, а започната е и изградбата на нов блок згради.

АЛЕКСАНДРИЈА

Населба која ги задоволува сите потреби
од функционален и социјален карактер

Новиот Блок, како што се нарекува, е предвидено да започне со изградба во средината на месец јуни. Во новиот блок на згради во Александрија, предвидени се 4 згради со по 90 станови секоја од нив распределени на приземје, 5-ката и поткровје, а ќе се протега на вкупна површина од 27.120 м². Идејата е, на секои 3 до 6 месеци да се започнува со изградба на секоја зграда од новиот блок, со што истите би се ставиле целосно во функција за релативно краток временски период.

Местоположбата, одличната инфраструктурна поставеност, квалитетот на градба, како и самиот концепт ја прават Александрија уникатна населба која претставува спој на врвен квалитет и одлични цени.

Атриа, облежјето на Александрија е петтата зграда во населбата, чија изградба започна кон крајот на 2018 година. Средишните простори се отворени со атриум и имаат стаклен кров како извор на природна светлина. Објектот е дополнително збогатен со зелени градини по целата висина на внатрешниот простор. Составена е од 70 одделни единици од кои дел од приземјето наменети за деловен простор, а остатокот за приватни станови, распределени на приземје, 6 ката и поткровје, со површина од од 34м2 до 135м2.